Ванковска: Јанева не е толку специјална, колку што државата ни е со посебни/специјални потреби

По објавата во медиумите дека огромни суми како бонуси земала екс јавната обвинителката, Катица Јанева и обвинителите. Се огласи проф. Ванковска на Фејсбук:

„Ова ни во најдобрата политичка сатира не би можело да се измисли, а вистина е:

„Најголем дел од дополнителните 157.000 евра Јанева ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“, а земала и надоместоци за кирија и за тоа што работела вон градот во кој живее.“

Замислете, државата ја плаќа (поткупува/потплаќа/натплаќа) за да си ја врши работата, т.е. да не открива што слушнала во „бoмбитe“!!??? Тоа е како мене да ме плаќаат со илјадници евра за да држам предавања и испити – надвор од платата (која ми е 700 евра, т.е. најмалку пет пати пониска од таа на Кејти)!

Веќе одамна кажав дека Јанева не е толку специјална, колку што државата ни е со посебни/специјални пoтpeби. Таа беше само персонализација на општиот гнилeж и распад на институциите – се’ додека не ја претворија во кутра самохрана и невработена мајка.

Овде сите глумат лyдилo, а главен поткупувач и најкорумпиран актер е токму државата – таа која ни потфрла преку астрономски буџет трошки за да гласаме за неа и која вака купува „доверливост“. Ова е Потемкинова Македонија 🙁 Не можеме да ја исплачеме колку е за жалење што нам ни се паднала …“

- Реклама -