Богоевски: Гaќитe се најмалата работа што треба да им се истресе на судиите

„Како човек што е малку потрајно разочаран од работата на судовите, не само моментално, можам слободно да кажам дека гаќите се најмалата работа што треба да им се истресе на тие луѓе и вработените во тие институции“, рече Павле Богоевски во вчерашното гостување во дебатната „Click Plus“ на ТВ21.

Листинзи и календари на дневна активност за работата на судиите се неопходни, смета Богоевски, кој го посочи примерот со таканаречените „Sunshine Laws“ во САД, односно ссистем на закони со кои секоја комуникација помеѓу функционери или функционер и странка се смета за јавен податок.

„Односно јас како граѓанин можам во кој било момент да прашам на која тема разговарале било кој пратеник и директор, бидејќи двајцата се функционери во оваа држава“, објасни Богоевски.

- Реклама -