Рускоска ќе дава отчет пред Советот на јавни обвинители

Вилма Русковска ќе дава отчет за своето однесување пред Советот на Јавни обвинители. Ова го потврди за Телма претседателот на Советот Ацо Колевски кој не сакаше да го каже ставот за кавгата на Рускоска со Апелационите судии.

Тој потврди дека добиле допис од апелацијата, но дека сепак треба да се слушне и другата страна.

Инаку, обвинителката Вилма Русковска со СМС порака им се закани на судиите од Апелација со финансиска истрага, откако тие одлучија затворскиот притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, да биде заменет со домашен.

Повеќе ТУКА.

 

- Реклама -