Шекеринска: Франција го ратификуваше протоколот за НАТО, ни остана уште Шпанија

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на социјалните мрежи објави дека Франција го ратификуваше протоколот за членство во НАТО.

„Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!“, напиша Шекеринска.

И Никола Димитров министерот за надворешни работи објави на социјалните мрежи дека Франција го ратификуваше протоколот за членство во НАТО.

„Националното собрание на Франција го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Уште само еден чекор до целта што ја зацртавме во 1993 година – полноправно членство во Алијансата!“

 

Останува уште Шпанија да го ратификува протоколот за да може Македонија да стане полноправна земја членка на НАТО.За земјава да стане членка документот треба да биде усвоен и во македонското собрание.

- Реклама -