Кои се судиите во Апелација што ја пуштија Катица?

Апелациониот суд во текот на денот треба да го објави решението со кое притворот на Катица Јанева го заменува со домашен притвор.Тројцата судии вчера одлучија Катица Јанева после 94 дена минати во затворски да биде пуштена во домашен притвор.

Во него, освен основите за одлуката, ќе бидат објавени и имињата на судиите што ја донеле. Станува збор за судиите Јани Нича, Сафет Кадрии и Зоран Димитриевски.

Еден од тројцата судии ја добил смс пораката од обвинителката Вилма Русковска во која напишала дека ќе има финансиска истрага против судиите кои вчера донеле одлука Катица Јанева од затворот „Скопје“ да замине во домашен притвор во станот на нејзиниот син. асега за јавноста не е познато што точно напишала Рускоска во телефонската порака.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -