КОСТАДИНОВ: Да си го чуваме нашето македонско оро, да си ја негуваме нашата македонска традиција

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, денеска не бил на партиски прав пат, но тргнал на патриотски прав пат во Општина Конче:

– На мое огромно задоволство денеска бев во село Горни Липовиќ во Општина Конче, на одбележување на 40 години постоење на ансамблот Китка од Конче. Да си го чуваме нашето македонско оро, да си ја негуваме нашата македонска традиција, објави Костадинов.

Како на ова ќе реагира неговиот партиски лидер Зоран Заев, кој од поодамна има изјавено дека на „СДСМ патриотизам не им личи“, белки ќе видиме и ќе чуеме во друга прилика.

- Реклама -