Шекеринска : Со жена министер за одбрана влегуваме во НАТО

Радмила Шекеринска на трибината на Форумот на жени на партијата, насловена „20 години чекориме на патот на еднаквоста“ таа говореше дека храброста била неопходна пред три години. Храброста и промените немаат само женски род, туку видливо женско лице.

-„Храброста беше неопходна пред три години, кога бевте со нас. Храброста и промените немаат само женски род, туку видливо женско лице. Девојки и жени кои стоеа и бранеа пред полиција, пред протести, кои знаеа дека првата жртва се токму жените“, рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Во својот говор таа истакна дека СДСМ повторно ќе биде прва партија која ќе овозможи целосна еднаквост на листите 50-50 и дека тие ќе бидат први кои ќе ги менуваат состојбите во извршната и централната и во општинската власт.

„Да порачаме дека СДСМ повторно ќе биде првата партија која ќе овозможи целосна еднаквост на листите, 50-50. Да бидеме први кои ќе ги менува состојбите и во извршната и во централната и во општинската власт“, рече Шекеринска.

Таа вели дека во овој состав на Собранието има историски највисок број на пратенички и на жени-министерки во владата. И дека токму со овој состав каде што жена ја води одбраната влегуваме во НАТО.

-„Токму оваа влада и Собрание ја излгасаа истанбулската конвенција и го вратија правто на жените да одлучуваат за своето тело и своето здравје. Токму во овој мандат, кога жена ја води одбраната, влегуваме во НАТО. Овој премиер, кој им верува на жените остави во ресорите кои ги предводат жени да има дупло повеќе пари отколку во било кои други ресори кои ги предводат мажи. Премиерот имал доверба жени да имаат највеќе пари и да ги трошат домаќински“, рече Шекеринска.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -