Заев: Груевски се спасил со застареност за кинеските кредити, додека јас дишам Груевски нема да се спаси

На вчерашната трибина на СДСМ „на прав пат„ се обрати и Пжпремиерот Зоран Заев кој освен пофалби за сработеното на Владата, упати и критики до правосудсниот систем. Тој пред велешани вети дека ќе има целосен ветинг на судиите и обвинителите, со цел да се расчисти со корумпираните во нивните редови.

На трибината тој нагласи за многу малку случаи кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство имаат судска разрешница. А, особено го нагласи предметот познат како „Траекторија“, за кинеските кредити за автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид.

Пред неколку дена Кривичниот суд донесе одлука да го запре судењето за Груевски поради застареност на делото, а државата да му ги плати судските трошоци. За останатите обвинети судскиот процес ќе продолжи.

„Груевски се спасил со застареност за кинеските кредити. Додека јас дишам Груевски нема да се спаси. Нема да се спаси заради тоа што предметот е жив. Предметот ќе тече, ќе се донесат одлуки. Ќе се дознае целата вистина и на крајот ќе си одговараат сите. Јас верувам дека Груевски е главата на ова дело, заради тоа што тие 5 посто, тие 15 милиони евра провизија, ги договорил, ги организирал и ги земал тој. Јас сум го слушнал ова, но судот треба да го докаже“, рече Заев на трибината во Велес.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -