Грчките производи ќе се брендираат со колективна трговска ознака „Macedonia The Great“

Здружението на извозници од Грција денес го претставија обележјето со кое ќе бидат брендирани производите кои имаат географско потекло од грчкиот дел од Македонија. На прес-конференција организирана од Здружението  присуствуваше и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Како што јавува МИА.

На презентацијата беше пуштено промотивното видео кое ќе биде дел од кампањата за брендирање. Слоганот „Macedonia the GReat“, со потенцирани букви ГР како кратенка за Грција и буквата „М“ како ознака, испишани со бело на сина позадина, се новите колективни трговски ознаки за грчките производи од грчката област Македонија, односно т.н. македонски производи.

Мицотакис изрази задоволство од начинот како „македонските производи и македонските услуги ќе бидат претставени ширум светот“. Тој истакна дека бил посветен на решавање на негативните последици од Преспанскот договор и ги подржува професионалните тела на Северна Грција за воспоставуање унифициран колективен идентитет.

„Бев посветен на решавање на негативните последици од Преспанскиот договор со тоа што ги поддржував професионалните тела на Северна Грција да воспостават унифициран колективен идентитет. Верувам дека оваа елегантна етикета претставена денес, која веднаш ќе биде депонирана во Европското биро во Аликанте, ја постигнува оваа цел.“ – изјави Мицотакис.

Повеќе на 360 степени.

- Реклама -