ВИДЕО: Од 45 вработени во погонот за линдан во Охис, остана само еден

Првиот човек кој се врабиотил во погонот со линдан во Охис, Реџеп Ајраловски денеска е единствениот жив сведок. Во изјава за Телма вели го спасил животот на село , но деновите поминати работејќи со линдан биле неговите колеги 45 на број.

Без соодветна заштитна облека, во тешки услови во Охис работел и Киро Пешевски. Од живата и хлорот со кои 34 години бил во директен контакт и денес има потешкотии во дишењето и мора да пие лекови.

Вработена во мензата на фрабриката која не сакаше да зборува пред камерата на Телма вели дека тешко било дури и да се одржи и вегетацијата во дворот на Охис, од токсичната почва. Ни каажа и дека пред околу 40 години на еден систематски преглед сите вработени имале ист резултат – замастување на црниот дроб, заболување што може да е предизвикано од вдишување на хемиски супстанци

На протестот на стечајните работници од Охис не’ пречекаа многу приказни. Некои од нив ќе останат нераскажани затоа што нивните колеги ја изгубиле битката за живот како последица од работењето со опасни хемикалии во оваа фрабрика

Видеото

- Реклама -