Героски: Мал Шенген, голем Вучиќ, за Еди патики, за Зоран – опинци!

Пишува Бранко Героски за „Плусинфо“

Чекор по чекор, се создава европска Б лига, група на држави кои во евроинтеграцискиот процес ќе бидат вклучени според други правила на игра, земји кои во идната архитектура на Унијата сигурно нема да имаат еднакво значење како и другите полоноправни членки, иако ќе ги уживаат придобивките од својот нов статус, кои нема да бидат беззначајни. Лигата ќе ја предводи Србија.

Нема дилеми дека договорот наречен „Мал Шенген“, што го постигнаа лидерите на Србија, Албанија и на Македонија, Александар Вучиќ, Еди Рама и Зоран Заев, е во интерес на граѓаните на трите држави. Поминувањето на границите само со лична карта, брзите ленти за камионите и меѓусебното признавање на дипломите, мерки кои се само дел од придобивките на договорот, сериозно ќе го подобрат квалитетот на животот во овој регион.

„Тука нема Југославија, тука има само подобар живот за нашите граѓани“, ќе рече Вучиќ, горд на Охридската декларација. И во право е. Додуша, треба да ни биде јасно дека Вучиќ – кој, како што се пошегува, не успеал во една прилика да се доближи до некоја позната холивудска актерка во која би вљубен (страхувал да не каже кутрата „кој е овој будалиов“) – сега има двојна причина за задоволство. Тој најави дека утре ќе се види со францускиот претседател Макрон, од кого ќе побара поддршка за „Малиот Шенген“. А овој пат сигурно ќе има многу поголеми шанси кај францускиот лидер, отколку некогаш, кај холивудската актерка.

Зашто, Вучиќ покажува дека не само што не е будала, туку одлично ја владее локалната геополитика. Тој, всушност, го промовира новиот европски план за регионот Западен Балкан. Тој план не е негова измислица. Не, тоа е европски план, договорен меѓу европските лидери Макрон и Меркел, веројатно уште пред ветото со кое францускиот претседател ја спречи намерата на самитот на ЕУ на Македонија и на Албанија да им се даде датум за почеток на преговорите за членство.

Целата колумна прочитајте ја ТУКА.

- Реклама -