Македонците кои што сакаат бугарски пасош ќе се соочат со нови проблеми

Се повеќе Македонци се решаваат да извадат бугарски пасош како би можеле да заминат надвор од државата во потрага по подобар живот. Во последно време бројките рушат рекорди, посебно во источниот дел на Македонија.

Според неофицијални податоци тие се движат од 50.000 до 150.000 Македонци кои извадиле или пак поднеле барање за бугарски пасош.

Во Делчево повеќе од 70 % од жителите имаат двојно државјанство, а таму се наоѓаат и најголемиот број посредници преку кои можете да извадите бугарски документи.

Неодамна сведок ја обелодени корупциската шема во Агенцијата за Бугари во странство која што ја тресеше Бугарија, за Македонците да добијат сертификат за бугарско потекло тарифата била 1000 евра, додека за граѓани од Косово помеѓу 3000 и 5000 евра.

Со сертификат кој што се добива со цел да се докаже бугарското потекло и статус на постојан престој во Бугарија, нашите граѓани можат да поднесат барање и по одреден период да го добијат својот пасош со кој можат слободно да патуваат и работат во Европа.

Проблемот е во тоа што тие користат фиктивни и лажни адреси, а сумите за да ги обезбедат истите се движат од 50 до 100 евра. Оваа појава најмасовно се случува во пограничните области, во Благоевград и Ќустендил, а во Агенцијата постоеле и тарифи за експресно добивање на пасоши, како и за услови за странци со муслимански имиња.

Поединците за услугата плаќаат од 300 до 500 евра, а тарифата за посредниците се движи околу 500 евра.

Но, откако Европската комисија предупреди за ризкот што некои ЕУ држави за пари даваат визи и пасоши, а Бугарија се наоѓа на самиот врв, се преземаат дополнителни  мерки да се санкционира ваквиот процес, но според посредниците, оние што имаат исправни документи, како за потеклото, така и за престој, не би требало воопшто да бидат загрижени.

Можеби сега контролите ќе бидат поригорозни, но оние што ќе успеат да ги набават сите документи што се потребни, повторно ќе можат да извадат пасош.

Повеќе на Гламур.

 

 

- Реклама -