Спас на светот со RPG игри

мир во светотНовиот норвешки Министер за Внатрешен Развој Хеики Холмас мисли дека RPG игрите можат да имаат позитивно влијание врз општеството и дури би можеле да помогнат во достигнување на мир во светот преку создавање на вистински конфликти во фантастична средина.

Холмас самиот кажува дека целиот живот го поминал играјќи RPG игри и дури помогнал во создавање на првата норвешка конвенција за игри RegnCon. А како неговите искуства би ѝ помогнале на планетава? Тој спомнал едно искуство за време на LARP (Live-Action Role Play) сесија со сценарио од Втора Светска Војна како моментот кога ја добил идејата.

„Тоа беше неверојатно сценарио сместено во 1942 година. Имаше луѓе облечени како германски војници кои возеа амфибиски возила. Тоа беше… неверојатно LARP искуство. Никогаш претходно или од тогаш немам почуствувано толку комплетно чувство на изолација во општеството. Изолација и очај од кои чувствувате притисок во моментот кога ќе ви стане јасно дека вашите германски господари воопшто не се грижат за тоа ште ќе ви се случи.“

Она што се развило набрзо потоа била првата теорија дека овие игри можат да им помогнат на луѓето да ги сфатат комплицираните социјални и политички прашања. „RPG игрите можат да бидат екстремно релевантни со тоа што ги ставаат луѓето во ситуации со кои не се запознаени, Save the Children имаат игри со бегалци. Имам пријатели во Берген кои играле RPG игри за човекови права. Но морате да бидете професионалци. Кога играте овој тип на игри создавате вистински емоции, емоции кои остануваат.“

Хеики Холмас додал: „Тоа е оној малку пострашен аспект на овие игри и мора да биде земен во предвид. Истовремено тоа им овозможува на игрите да го променат светот. LARP сесиите можат да го променат светот бидејќи им овозможува на луѓето да разберат дека постапките на луѓето под притисок се различни од оние во нормалниот живот кога сме безбедни.“

Мора да се признае дека тој има добри идеи. Изведувањето на замислено сценарио подржано од вистински емоции би можело да послужи како одлично искуство за политичари и луѓе кои се одговорни за сериозни одлуки. Сепак сите вооружени сили во светот одржуваат воени игри кои во основа се сведуваат на LARP сценарија. [Norwegian diplomat: Play D&D and save the world]

- Реклама -