Интервју на Џорџ Сорос: Се обидувам да го променам текот на историјата во вистинскиот правец

Џорџ Сорос, 89–годишен, милијардер. За едните врвен либерал и филантроп, за други плашило и извор на добар дел од злoтo низ светов. Сорос, лично, е задоволен од оваа вторава титула. „Многу сум горд на непријателите што ги имам. Перфектен начин да одредите дали некој е диктатор или иден диктатор е ако мене ме идентификува како непријател“, вели милијардерот во интервју за New York Times.

На листата на непријатели Сорос е впишан и во списокот на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот адвокат Рудолф Џулијани, владата на Кина и еден куп теоретичари на заговори. Нивниот анимозитет потекнува од тоа што г-ин Сорос ги поддржува либералните каузи и поради неговата фондација „Отворено општество“, преку кое со неговите милијарди ја промовира демократијата и човековите права во околу 120 земји, спротивставувајќи се на автократските режими, пишува весникот, додавајќи дека Сорос е мета и на антиceмитизам, бидејќи е роден во евpejско семејство во Унгарија.

Во колекцијата есеи што Сорос ги објави неделава, под наслов „Во одбрана на Отвореното општество“, тој констатира дека за неговиот бренд на „глобализам“ – под што тој подразбира интегрирана глобална економија која подлежи на владеењето на правото – нема место во Трамповиот „Америка на прво место“ пристап. Според него, изборот на Трамп и Брегзит се скршнувања на историјата од својот пат и своевидни изблици на антиглобализам, но наскоро очекува да се случи нов и посилен отпор кон национализмот. За Трамп вели дека прави непоправлива штета на американското влијание во светот, посебно со повлекување на американските трупи од Сирија, и го обвинува дека работи за своите, а не за интересите на САД. Очекува на следните избори тоа да биде причина за неговиот пад и вртење на нова страница.

Во интервјуто Сорос вели и дека поддржува даноци за богатите и строго регулирање на банките, иако многу други милијардери и негови врсници од Волстрит тоа го посочуваат како закана за капиталистичкиот систем во кој и Сорос се збогати.

„Сум да се даночат богатите, вклучително и со данок на богатство. Финансиерите предизвикуваат сомнежи. И тоа создава морален проблем за мене. Како што станувам поуспешен, тоа ми создава самонаметната кочница што всушност ме попречува да правам пари“, вели тој.

За протестите во Кина, Сорос вели дека се знак за светот за тоа колку опacни можат да бидат затворените општества.

„Ја сметам Кина на Кси Џинпинг за најголема закана по отвореното општество“, вели за кинескиот претседател. Сорос, кој долго ја поддржува слободната трговија како стратегија да ги отвори затворените земји, вели дека стратегијата не успеала во Кина како што очекувал. Поради тоа, смета, е потребно повеќе интервенција. Кревајќи прст во воздухот, Сорос ја нарекува Кина „cмpтен непријател“ и инсистира дека Западот премногу ѝ прогледувал низ прсти.

„Мораме да го препознаеме тоа: Тоа е различен систем, целосно спротивен од нашиот. Воопшто не сум анти-Кина, само сум анти-Кси Џинпинг“, вели милијардерот, додавајќи дека САД треба да прават притисок врз компаниите како Huawei за тие да вршат притисок Кина да се отвори. Во спротивно, предупредува Сорос, не само што Џинпинг ќе продолжува да ја затвора Кина, туку тоа уште поинтензивно ќе продолжи со развојот на нови технологии како вештачка интелигенција, и тоа со генерации.

Алудирајќи на познатиот цитат на Мартин Лутер Кинг, „Лакот на моралниот универзум е долг, но се свиткува кон правдата“, Сорос користи сличен за да го опише своето делување:

„Лакот на историјата не го следи нејзиниот сопствен кypc. Потребно е да биде пренасочен. Навистина сум посветен на обидот да го свиткам во вистинската насока“.

 

 

 

- Реклама -