(ВИДЕО) Мајсторија на Пандев за прв сезонски гол за Џенова

Горан Пандев го постигна својот гол првенец сезонава во Серија А. Капитенот на македонската репрезентација погоди за 3-1 против Бреша, откако доби шанса во второто полувреме.

Пандев со еден мајсторски удар го совлада голманот на Бреша и стави точка на победата на Џенова која од клупата беше предводена од поранешниот соиграч на Пандев од Интер, Тијаго Мота.

На претходните две денешни средби во Серија А Лече му откина бод на Јувентус (1:1), а нерешено беше и на дуелот Интер-Парма (2:2).

На табелата после вториот триумф сезонава Џенова е на 17 позиција со осум бодови, за четири дена го очекува гостување кај шампионот Јуве.

- Реклама -