Заев за дневниот весник „Данас“: „Макрон знае дека за Балканот ЕУ нема алтернатва“

Одложувањето на ЕУ да го објави почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија, многумина го толкуваат како „рампа“ не само за овие две земји, туку и за целиот Западен Балкан.

Премиерот  Зоран Заев, во интервју за „Денес“, сепак рече дека иако лично засегнат од одлуката, тој не ја изгубил надежта во ЕУ.

„Сите имаат корист од политиката за проширување. Евентуално затворањето на вратата ги губи сите “, потенцира премиерот Заев, кој е убеден во победата на својот Социјалдемократски сојуз на претстојните предвремени парламентарни избори во Северна Македонија.

– „Верувам дека ЕУ денес повеќе од кога и да е, е свесна дека затворањето на вратата не би му направило добро на никој. Од продолжувањето на политиката за проширување, сите имаат корист. Од евентуалното затворање на вратата сите губат“, нагласува Заев.

Заев оценува дека Северна Македонија има многу постигнато и дека нема да дозволи да се вратиме на старо, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој се надева дека ќе има шанса лично да разговара со францускиот претседател Емануел Макрон и верува оти Макрон знае дека за земјите од Западен Балкан ЕУ нема алтернатива.

За претстојните избори Заев истакна дека очекува опцијата што тој ја предводи да победи на предвремените парламентарни избори во Северна Македонија во април наредната година.

Повеќе ТУКА.

 

- Реклама -