Дали менувањето од летно на зимско сметање на времето влијае врз здравјето на луѓето?

Вечева ги враќаме часовниците еден час наназад. Поточно, во 3 часот после полноќ, се поместуваат на 2 часот. Со ова започнува зимското сметање на времето.

Последната промена на времето требаше да биде на 1 април 2019 година. Но, водејќи се по новите истражувања, кои го потврдиле лошото влијание на промената на времето врз луѓето, Европскиот парламент во март годинава изгласа одлука за укинување на летно и зимско сметање на вемето,која ќе важи од 2021 година.

Воведувањето на зимско и летно сметање на времето имало за цел  да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.Промената на времето во западна Европа е воведено во 1970 година, поради заштеда на електрична енергија, зголемена продуктивност и поефикасен работен ден.

Преминот од летно кон зимско сметање на времето може да доведе до одредени проблеми по човековото здравје. Посебно со појава на анксиозност.

Според психолозите, најранливи се вработените луѓе во активна возраст. Тие предупредуваат дека промената на времето има огромно влијание врз чувствителните луѓе, без оглед на нивната возраст.

Според нив се потребни 1-2 недели за да може нашето тело да се навикне на промените во времето.

 

- Реклама -