Од вкупно 18 државни мерни станици, 12 не мерат ПМ честички во воздухот низ Македонија

Дванаесет од вкупно осумнаесет државни мерни станици не мерат концентрација на штетните ПМ 2.5-честички во воздухот. Останатите шест мерни станици, за кои стои податок дека мерат ПМ 2.5-честички, вчера покажува високо и средно загадување.

ПМ 2.5-честичките во воздухот се токму оние кои секоја зимска сезона достигнуваат најголеми концентрации во воздухот, најдолго се задржуваат и најлесно се вдишуваат бидејќи се најситни. Максимално дозволена концентрација на ПМ 2.5-честичките во воздухот е 25 микрограми на кубен метар, вредност која во Македонија била и 25 пати повисока.

Вчера во Макадонија најзагаден град беше Куманово со измерени  1.028 ПМ честички на 100 микрограми.  Кумановци се жалеа дека се шири непријатна миризба во повеќе делови од градот.

Апликација која го мери квалитет на воздухот во Македонија, Мој воздух, вчера покажа високи концентрации на ПМ10 честички и во главниот град. Енормна загаденост беше регистрирана во реонот Ректорат во 20 часот, односно 131 ПМ 10 честички на кубен метар, а нешто подоцна мобилната апликација покажа дури 211 ПМ 10 честички на кубен метар.

Во Ѓорче Петров според Мој воздух, загаденоста е исто така голема, дури 160 ПМ 10 честички на кубен метар. Во Гази Баба 124, во Центар 96, во 11 Октомври 73 ПМ 10 честички на кубен метар.

Дозволената граница на ПМ 10 честичките изнесува 50 микрограми на метар кубен.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -