СОНК одби покачување на платите од 10%, следува „период на помирување“, па генерален штрајк

СОНК дава 15 дена „рок за помирување“ откако не го прифати покачувањето на платите за 10%. Во спротивно, на 11 ноември ќе организира генерален штрајк и целосен прекин на наставата, соопштија од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, на денешната прес-конференција.

Од СОНК не прецизираат конкретно колкаво покачување бараат, но бараат да биде поголемо од 10% и да важи од 1 јануари, а не од април, како што беше најавено.

Зголемување на платите од 10% беше договорено на средбата во Владата на премиерот Зоран Заев и министерот Арбр Адеми со лидерот на СОНК – Јаким Неделков, која се одржа на 8 октомври.

Покрај зголемувањето од над 10%, СОНК бара и воведување на К-15, почитување на колективните договори и исплата на прекувремените работни часови.

- Реклама -