Столтенберг ја поздрави ратификацијата на пристапниот протокол за НАТО во американскиот Сенат

Утре ќе се одржи министерскиот состанок за одбрана на Алијансата. Домаќин ќе биде генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Тој ја поздрави ратификацијата на пристаниот протокол за НАТО во американскиот Сенат, но затоа не даде никаков коментар за француската блокада за нашата земја.

– „Не е на мене да давам совети како да се справи ЕУ со отворањето преговори со Северна Македонија, сите го видовме исходот на дискусиите во ЕУ. Вратите на НАТО остануваат отворени и наскоро Северна Македонија ќе биде полноправна членка“, рече Столтенберг.

Исто така истакна дека Северна Македонија придонесува за стабилноста во регионот.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -