Таравари му реплицираше на Заев нарекувајќи го „Мурто Амнестија“

Единствен Албанец што можел да го гушка Мицкоски во Гостивар е Арбен Таравари или некој од неговиот тим, рече отприлика вчера премиерот Зоран Заев во интервју за „360степени“, коментирајќи ја изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, дека Албанци станувале од кафулињата и го гушкале при посетата на Гостивар.

„Мицкоски веројатно не го препознал Таравари, може тоа Таравари го гушкал. Дај Боже да дочека Албанците да го гушкаат, но за тоа треба да го промени својот наратив прифатен од неговиот претходник. Веројатно не го препознал, или Таравари бил, или некој од неговиот тим“, рече Заев во интервјуто.

Не многу подоцна, и самиот Арбен Таравари го возврати „yдapoт“. На Фејсбук, Таравари напиша:

„На Мурто Амнестија не му пречи бегството на Груевски, ниту слободата на Велјановски, ниту затвopoт на Фета Алими, запнал со Гостивар“

- Реклама -