Прво интервју на Заев по студениот туш за датумот: Сега малку ќе закочам со оптимизмот (ВИДЕО)

Во вторник, на 29 октомври, во 13:30 часот, премиерот Зоран Заев заминува во Рим на средба со италијанскиот премиер Џузепе Конте, кој веќе најави напори да го врати прашањето за европроширувањето на дневен ред веќе на Советот за општи работи (ГАК) во ноември. Токму тоа ќе биде темата на средбата, открива премиерот Заев во првото интервју откако Македонија практично доби црвено светло за започнување на преговорите, дадено за „360степени“, кое ќе биде емитувано вечерва во 22 часот на ТВ „Алсат“.

Сепак, од она што може да се види од кратката најава, прашан за очекувањата од оваа италијанска иницијатива, Заев одговара со доза на резервираност:

„Значи, сеа јас малку ќе закочам со мојата надеж и оптимизам, нели бев најголемиот оптимист… Ние да си работиме, а они дај боже побрзо да одлучат да ги отворат поглавјата за нас. Односно да ја донесат одлуката за почеток на преговорите“, вели Заев.

- Реклама -