Заев со предлог за превремени избори

На денешната прес-конференција, прва по Самитот во Брисел откако земјава не доби датум за почеток на преговори премиерот Зоран Заев повика на брзи и предвремени избори и рече дека само народот има мандат да одлучи за иднината на земјава.

-„Сериозноста од актуелниот миг бара од мене и сите нас сериозна одлука. Поаѓајќи од одговорноста како политичар на мој грб ја преземам разочараноста на граѓаните“, рече премиерот Заев на своето обраќање.

Претседателот на владата Зоран Заев, вели дека граѓаните треба да одлучат дали ќе се продолжи по европскиот пат или ќе се избере изолација.

Повеќе на Телма.

- Реклама -