Верувале или не, ама директор на своите работници им дал по 100.000 долари бонус

За време на зимските празници, многу компании „тивко“ чекаат да се појави шефот на врата и на сите вработени да им подели празнични бонуси. Некои фирми овој бонус го нарекуваат 13-та плата.

Вработените во Хилкорп Енерџи во Хјустон во моментов се најсреќните луѓе во светот, бидејќи нивниот извршен директор им исплатил по 100 000 американски долари како годишен бонус.

Оваа компанија брои 1.381 вработени, им исплатила бонус со вкупен износ од 138 милиони американски долари. Овој бонус бил поделен на сите вработени без разлика дали станува збор за  вработен во менаџмент или практикант.

Патем, Хилкорп Енерџи е една од најпрофитабилните приватни нафтени компании во САД.

Нејзин основач е Џеф Хилдербанд, кој зад себе има многу успешен деловен период, што е евидентно штом тој може лесно да се откаже од парите што некои компании не ги направиле со децении.

Извори велат дека тој го направил овој потег откако го завршил профитабилниот петгодишен план што компанијата го претставила во 2010 година.

Во 2010 година, неговите вработени исто така добиле голем бонус, а можеле да одбера помеѓу 35.000 долари во кеш или да одберат автомобил кој чинел до 50.000 долари.

Многу луѓе на социјалните мрежи  прашуваат „каде да се пријават“за да се вработат во оваа компанија. Пренесува Business Insider.

- Реклама -