Амриканскиот Стејт департмент разочарани од одлуката на Европскиот совет

По вчерашната  одлуката на Европскиот совет се уште да не  се отпочнуваат пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, амриканскиот Стејт департмент се огласи со соопштение во кое го изразува разочарувањето од оваа одлука.

Во соопштението се нагласува дека САД ја поддржуваат посветеноста на Северна Македонија и Албанија на трансатлантска интеграција и нивните аспирации за влез во Европската Унија и се изразува надеж дека Европскиот совет ќе постигне консензус за позитивна одлука за преговори со двете држави пред самитот ЕУ – Западен Балкан во мај идната година.

Тие исто така истакнуваат дека Соединетите држави остануваат стратешки партнер на С.Македонија и Албанија за да продолжат да го зајакнуваат владеењето на правото, понатамошните напори против корупцијата, развој на нивните економии и во борбата со организираниот криминал.

САД ги охрабрува двете земји да останат доследни во градењето на транспарентно, базирано на правила, демократско општество кое одговара на потребите на граѓаните.

Во соопштението на Стејд Департментот исто е нагласено дека САД ќе продолжат да работат со европските партнери за унапредување на споделените цели за стабилност и безбедност на Западен Балкан.

Повеќе Нова ТВ.

- Реклама -