Хан се доискажа и го посочи виновникот за недобивање на датумот

Откако ја доведе во прашање сериозноста на намерите на Европската унија по однос на европската иднина на Западен Балкан, еврокомесарот Јоханес Хан се надоврза на претходните твитови со уште еден, овојпат директно посочувајќи го виновникот:

„И само да биде јасно: Одговорноста за овој неуспех не е кај Северна Македонија и Албанија кои со право се надеваа на позитивна одлука. Тие исполнија! ЕУ е таа што потфрли да испорача поради внатрешни проблеми. Ова го оштетува кредибилитетот на Европската унија не само на Западниот Балкан, туку и пошироко“, напиша Хан.

- Реклама -