Флоријан Бибер: Ќе се наруши кредибилитетот на Еу доколку не се отпочнат преговори со Северна Македонија и Албанија

Експертот за Балканот од Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер оцени дека доколку одлуката на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ не одобрат почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија може да „го поткопа кредибилитетот“ на Унијата.

Тој истакнува во својата изјава дека набљудувачите во регионот политиката на Холандија и Франција ја сметаат како нефер и мотивирана од домашната политика и стереотипите. И со тоа се поткопува имиџот на ЕУ како фер играч.

-“Набљудувачите во регионот ја сметаат француската и холандската политика како нефер и мотивирана од домашната политика и од стереотипите. Ова го поткопува имиџот на ЕУ како фер играч, со фер критериуми, особено затоа што Комисијата даде зелено светло за преговори“, изјави Бибер за Еуроњуз.

Тој нагласува дека ваквиот став ке испрати негативен сигнал до владите на Северна Македонија и Албанија дека не вреди да се прават тешки компромиси доколку не бидат примени во Еу. Потенцирајки дека особено тешко ќе биде за Северна Македонија која што го реши и проблемот со името.

– „Ова особено ќе биде тешко за Северна Македонија, која работеше толку напорно за решавање на проблемот со името“, додава Бибер.

Повеќе на А1он.

- Реклама -