Богдан Дамјановски е новиот сопственик на 1ТВ

Нов сопственик на 1ТВ, која има долг од 400.000 евра е извесен Богдан Дамјановски, велат извори од УЈП.

Додека течат истрагите на УЈП и процесите на истражните органи во процесот случајот Рекет, телевизијата осамна со нов сопственик.

Богдан Дамјановски не и познат на македонската јавност. Роден е во 1942 година, или денеска има 77 години. Живее во скопската населба Кисела вода. Ова е човекот којшто во Управата за јавни приходи се легитимирал како нов сопственик на телевизијата 1тв.

Тој на јавноста не и е многу познат барем во бизнисот со медиуми. Но, затоа го паметат поранешни вработени на поранешната ФАС „11 Октомври“.Инаку Дамјановски се појавуваше во 2003 година како заинтересиран бизнисмен кој сакаше да го купи ФАС „11 Октомви“ со канадско-белоруски капитал.

Повеќе на Телма.

- Реклама -