ОЈО од Струга најави истрага за случајот со мито на заменик министерот Асим Муса

Откако во јавноста се појави видеото од страна на новинари на албанската телевизија “Топ Чанел” што е направено во болница во Струга каде Муса работел како уролог. На снимката се гледа како функционерот од ДУИ им укажува на “наводните пациенти” дека хируршката интервенција чини 1000 евра, а парите требало да му ги дадат лично нему на денот на операцијата. За да бидат сигурни тој им зема 50 евра и ги става во џеб.

Случајот го истражува и обвинителството.Со меѓународна помош во предистрагата ќе ги бараат оригиналните снимки, а исказ ќе биде земен и од Асим Муса.

Инаку Агим Муса откако се правдаше пред јавноста, најави дека се повлекува од функцијата со што поднесе оставка.

Земањето мито наиде на осуди од страна на министерот Венко Филипче. Тој истакна дека за вакви постапки постојат санкции не само во нашиот систем туку секаде. Исто така Филипче додаде дека тие се обидуваат да ги стимулираат лекарите преку зголемување на платите.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -