„Канал 5“: Зошто некој би ја преземал „1ТВ“? Има ли, можеби, нарачател?

Нешто смрди во навидум згаснатата 1ТВ, пишува „Канал 5“ откако денеска УЈП соопшти дека против „Меѓународниот сојуз“ (невладината на Боки 13), „БМЈ Медиа Груп“ (сопственик на 1ТВ) и „Томато“ продукција (во чии простории работеше 1ТВ), но и против физичките лица Миле Јовановски (татко на Боки 13) и Јасна Мандиќ – двајцата сопственици на „БМЈ Груп“, ќе поднесе кривични пријави за затајување на данок во вредност од над 20 милиони денари.

Меѓутоа, денес УЈП соопшти и нешто друго – дека во текот на истрагата се појавувало лице кое е малку познато за јавноста и тврди дека е новиот сопственик на 1ТВ. Прашањето што го поставува „Канал 5“ е кој и зошто, и тоа со договор што не е заверен на натор, сака да ги преземе БМЈ Медиа Груп и 1ТВ, со што ќе треба да ги подмири и сите долгови кон УЈП и останатите доверители, кога истото тоа лице би можело да отвори медиум без да враќа долгови?

Според „Канал 5“, еден од можните а мошне реални одговори на тоа прашање е дека тоа лице сака да ги преземе фирмите за откако ќе ги плати побарувањата, истите да ги ликвидира, со тоа „решавајќи“ низа „интересни моменти“ во 1ТВ, од чија „ликвидација“ евентуалните нарачатели би имале конкретна корист, особено ако се лица вмешани во „Рекет“ кои преку намалување или подмирување на долговите кон државата сакаат да си ја ублажат евентуалната казна. За уште низа „интересни моменти“, дочитајте ТУКА.

- Реклама -