Зелено светло од Холандија кога Северна Македонија ќе го исполни и последниот услов

До неодамна и Холандија беше во група со Франција и се противеше на преговори за членство во ЕУ дури и со Македонија, но во меѓувреме нејзината позиција „омекна“, истакнува „Радио Слободна Европа“ во текстот насловен „Има ли реалност во надежите за почеток на преговори со ЕУ?“. Сепак, иако Холандија е речиси подготвена да поддржи почеток на преговорите, Северна Македонија мора да исполни уште еден услов.

Како што пренесува „РСЕ“, тоа денеска го истакнал холандскиот министер за надворешни работи – Стеф Блок. За разлика од првичната позиција, Холандија би се согласила на зелено светло само за Северна Македонија, откако ќе се исполни последниот услов – законот на јавното обвинителство.

„Откако ќе се исполни тој услов, може да започнат преговори за членство. А за Албанија, сметаме дека треба да сторат уште и не се подготвени за почеток на преговори “, рекол Блок. Целиот текст прочитајте го ТУКА.

- Реклама -