Бугарски колумнист: Од сите проблеми, Бугарија се фати за кocките на Гоце!

Пишува Ивајло Дичев – професор по културна антропологија на Универзитетот во Софија и предавач на Универзитети во САД и Франција. Редовен колумнист на бугарската редакција на „Дојче веле“ 

Бугарија живее во состојба на постојана опсада. Едвај се спасивме од Норвежаните кои сакаат да ни ги земат децата, кога ете, сега Северна Македонија се заканува да ни ја одземе славната историја.

„Се надеваме, ама нема да биде“ – така многумина ја протолкуваа заканата на Каракачанов дека ќе ја напушти владата доколку им дадеме поддршка на соседите за почеток на преговори со ЕУ. Позагрижувачки е што во хистеријата се вклучи и претседателот кој се постави како портпарол на главната опозициска партија. Што пак значи дека македонската тема ќе продолжи да им служи на предизборните пречкања, наместо да изразува национален консензус. И сето тоа – затоа што тамошниот племенски вожд рекол нешто во некакво интервју. Фала Богу, од средбата кај претседателот не излезе ништо. Сакавме да поставиме некакви услови. Но остана нејасно какви точно- ама тоа ќе зависи од политичката ситуација. Просечниот бугарски граѓанин може да биде спокоен, избегната е уште една национална катастрофа.

БЕСМИСЛЕНА МИТОЛОГИЈА

Погледнете ја медиумската митологија со која живееме. Нѐ убедуваат дека Ердоган ќе „пуштел“ милиони Сиријци кон Европа. И никој не се замислува како точно ќе се случи тоа (во кафези ли ги држи, со стап ли ќе ги брка)? Ни објаснуваат и дека ако ја прифатиме Истанбулската конвенција, бугарските учители ќе го менуваат полот на децата. Сега пак, како во занес повторуваме дека Македонците треба да признаат некои работи поврзани со историјата. Како точно си го замислуваме тоа? Два милиони луѓе да се заколнат над Библијата дека оттука натаму ќе го сметаат Гоце Делчев за Бугарин? Парламентот да им изгласа дека македонската нација не постои?… Целата колумна прочитајте ја на „Дојче веле“ на македонски (ТУКА).

 

- Реклама -