Мајка на дете со аутизам до докторите од Ургентен: Ви благодарам, се почувствував како во некоја развиена држава

Невообичаена приказна, за нашево поднебје, вчера го привлече вниманието на друштвените мрежи. Мајка на дете со аутизам, кое поради помала повpeда завршило на Ургентниот центар, го сподели своето искуство од тоа што се случувало таму. Како што вели и самата, познавајќи ги македонските болници, не очекувала тоа да биде пријатно искуство. Но, ете, ја изненадиле, а таа се почувствувала како да е во земја со развиена свест.

„Ноќеска имав едно невообичаено искуство… Моето дете со аутизам си ја дупна главата и тргнавме на Ургентен да ја сошиеме“, почнува мајката.

„Од искуствата по нашите болници очекував да има плачење, тегнење и држење на cила. Ама кога дојдовме на Ургентно – Хиpypгија, во 23.00 часот, и кога им кажавме дека детето има аутизам, за мое и зачудување на сите со мене, докторката, докторот и сестрата ни се понудија дали сакаме да го однесеме во друга соба, нѐ прашаа дали ни треба нешто посебно и сите пристапија кон моето дете со комплетна свесност дека со него ќе треба поинаку.

Главата ја сошивме со 4 конци без да почувствува дека нешто му се случува. Докторката што го шиеше се претвори во алпинист за да фати подобар агол за да го сошие, а да не го вознемири. Завршивме за 25 минути. Со насмевка на неговото лице дека ќе дојде пак да ги види. Излеговме од таму подзамолчени, бидејќи не ни се веруваше дека се случи тоа што се случи.

Ова беа луѓе кои работат во лоши услови, со гужви и пренатрупаност со пациенти… но јас вчера се почувствував како да сум во некоја од земјите за кои само слушаме за инклузија и дека со пациентите со поинаквости се однесуваат адекватно.

Системот ни е таков каков што е, но вчера овие здраствени работници сами решија дека ја имаат можноста да одговорат прекрасно… бидејќи и покрај сѐ тие знаат дека тие се одговорни за својот придонес во нивниот живот и сите што ќе ги допрат во својот живот.

Бескрајно им благодарам на сестра Сенада Куртовиќ, докторка Ермира Беџети и дотор Никола Брзанов што нашиот живот вчера ни го направија полесен и поубав“, раскажува И.Л. на Фејсбук.

- Реклама -