Облакодер во Италија снимен од другата страна на Јадранот, на оддалеченост од 158 километри (ВИДЕО)

Агрометеоролошкиот портал IstraMet на својата Фејсбук страница објави интересна снимка која го привлече вниманието на хрватските читатели, но и пошироко.

„Еве една вечерашна занимливост. Ова е облакодерот во пристаништето Cesenatico, оддалечен од местото на снимање (Св. Иван) дури 158 километри! Практично можеме да речеме дека го гледаме спротивниот брег на Јадранот од средината на Истра. Земајќи ја во предвид само заобленоста на Земјата, облакодерот воопшто не би требало да се гледа“, напиша порталот.

Многумина се залетаа да искоментираат дека ова е можно само затоа што Земјата е (според нив, нели) рамна, но објаснувањето е поинакво:

„Објаснувањето лежи во феноменот фатаморгана, односно прекршувањето на светлината, поради што објектите изгледаат како да излегуваат од морето и се навидум повисоки отколку реалната висина. Така е можно од Истра, со надморска височина од 288 метри над површината на морето, да се види облакодерот висок 118 метри, чии темели се поставени на надморска височина од 11 метри. Инаку, се работи за 17-от највиок облакодер во Италија“, објасни порталот.

Корисниците набрзо го најдоа облакодерот за кој се зборува:

- Реклама -