Славчо Попоски: Спремете се за ЛЕТНО сонце и ТОПЛИНА

Под влијание на стабилна, сува но и значително потопла воздушна маса од југ за време на викендот кој ни доаѓа но и на почетокот од следната недела ќе имаме пораст на максималните дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Истите ќе навлезат во натпросечни вредности за овој дел од годината. Времето ќе биде сончево со сосема малала и локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

За време на овој бран УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (безопасна за граѓаните) и ќе изнесува 5.

Од сега гледано и многу неофицијално значителна промена на времето и нов циклон се очекува околу средината на следната недела.

За подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

- Реклама -