Николовски: Датум ќе нема ни во октомври, може да добиеме само мониторинг

Долгоочекуваниот и долгонајавуваниот датум за почеток на преговорите со Европската унија, кој го очекувавме во јуни, па беше „поместен“ за во октомври, и понатаму ќе остане очекуван, порачува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Александар Николовски во изјава за „Канал 5“.

Во разговорот тој ексклузивно открива дека според сите информации кои тој и ВМРО-ДПМНЕ ги имаат, датумот и овојпат ќе изостане, а „максимум“ што Македонија може да извлече – со оваа влада, како што вели – е Брисел да формира тим за мониторинг составен од претставници на пет европски институции, кој најмалку една а до две години ќе ги следи состојбите на полето на владеење на правото и борбата против корупцијата во земјава, па дури тогаш ќе оцени дали земјава е подготвена за почеток на преговорите. Изјавата погледнете ја ТУКА.

 

- Реклама -