Џафери со реакција до „А1он“ во одбрана на пратениците, од „А1он“ му одговорија

Собранискиот спикер Талат Џафери испрати реакција по повод објавената истражувачка сторија на „А1он“, во која медиумот открива дека дел од пратениците од другите градови, на кои државата им ја покрива киријата за станови до 400 евра, што беше една од мерките за намалување на патните трошоци, станови изнајмувале од свои роднини и пријатели, а неретко и воопшто не живеат во нив.

Во реакцијата Џафери потсетува дека надоместоците пратениците ги добиваат согласно законот и дека сите пратеници што го користат тоа право ги исполнуваат условите предвидени во Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за закупнина на стан врз основа на член 31 од Законот за пратеници. Џафери, иако вели дека го разбира интересот на јавноста, порача и да се внимава на приватноста и на безбедноста на пратениците. Целата реакција на Џафери прочитајте ја ТУКА.

Од „А1он“, пак, инсистираат дека се работи за истражувачка сторија од јавен интерес и сметаат дека самата реакција од Џафери е загрозување на правата на новинарите, па му вратија со остар одговор. Прочитајте го ТУКА.

 

- Реклама -