Ахмети: Се разбира дека нема криминал во ДУИ

Меѓу многуте теми на кои говореше претседателот на ДУИ и коалициониот партнер на премиерот Зоран Заев во Владата – Али Ахмети, на изборното собрание на партискиот огранок во Чаир, се најде и темата со „бомбите“ за ДУИ кои ги објавува кичевчанецот Шеќерим Ахмети, попознат во јавноста под псевдонимот „Ел Чека“, како што се претставува на друштвената мрежа Фејсбук.

Сопартијците на Али Ахмети немаат потреба да се грижат околу објавувањето и самите овие снимки, им порача лидерот на ДУИ, нарекувајќи ги овие прислушувани материјали – „празни меури“, односно залудни обиди да ѝ се наштети на ДУИ.

„Ако имаше криминал на ДУИ, зарем некој ќе нѐ поштедеше?“, праша Ахмети, додавајќи дека многумина „чекаат да им најдат црна дамка на ДУИ“ и дека „жали што неколку партии наседнале на ваквата стапица“.

- Реклама -