Писонеро: Машки победивме во една тешка битка

Давид Писонеро, стратегот на Вардар, по триумфот над Монпелје во Лигата на шампионите, истакна дека овој тим иако имал едно лошо полувреме во одбраната, сепак, со одлично второ полувреме и голема битка, дошол до полн плен на гостувањето во Франција.

„Одигравме еден тежок меч. Во првиот дел одбраната не беше на ниво, да примиш 17 гола не е малку. Нападот беше во ред, затоа што дадовме 16 гола. А, во вториот дел се подобривме и успеавме да дојдеме до посакуваната победа. Имавме и неколку голови преку брзи контри, задоволни сме од резултатот, затоа што не е лесно да победиш на овој терен. Освоивме една тешка битка“, изјави Писонеро.

Вардар и лани ја започна сезоната на сличен начин, со победа над Монпелје на гостински терен, што воедно беше и најава за европската титула која подоцна се освои во Келн. Следен предизвик за „црвено-црните“ ќе биде дуел со Порто во СЦ „Јане Сандански“, на 22 септември.

- Реклама -