Дали сепак предметите од СЈО ќе бидат без завршница

Милојка Калкашлиева, судија на Врховниот суд, во пензија се произлезе во јавноста по повод предметите кои што беа предадени од СЈО. Таа вели дека јавниот обвнинител може да ги превземе предметите од СЈО, затоа што според Уставот, Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган што ги гони сторителите на кривичните дела. Тие предмети, кои сега ќе ги преземе од СЈО, биле во негова надлежност и во 2015 год, но за жал тогаш без основа во Уставот и спротивно од Уставот, со закон се основа Специјалното јавно обвинителство за гонење кривични дела.

Таа исто така нагласува дека и покрај иницијативите за оцена на уставноста на овој закон, Уставниот суд останал да молчи, поточно не донел одлука ниту за поведување ниту за неопведување постапка.

Калкашлиева истакнува, законот како lex specijalis, ги утврдува надлежностие и овласувањата на специјалниот јавен обвинител, така што исклучиво тој е овластен да истражува и да гони кривични. Според зконот СЈО има целосна автономија и ниту еден јавен обвинител, вклучувајќи го и јавниот обнивител на Република Македонија, не може да влијае на неговата работа. Нема одредба во законот што предвидува можност за специјалниот јавен обвинител предметите, над кои, според законот, тој има исклучива надлежност и овластувања, да му ги предаде на јавниот обвинител на Република Македонија или на друг јавен обвинител.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -