Џеф Безос подари 100 милиони долари за бездомни семејства

За просечниот читател, Џеф Безос е име за кое не се знае многу – освен фактот дека е основач на „Амазон“. Со оглед на медиумската експонираност, Бил Гејтс, Илон Маск, Тим Кук и други се многу попознати и повпечатливи во јавноста, иако Безос е навистина посебна личност која и тоа како заслужува внимание.

Во 2018 година Безос го основа фондот Bezos Day One во кој е вклучен проектот Day 1 Families. Секоја година фондот донира за 23 непрофитни организации кои им помагаат на семејства без домови.

Годинава се одбрани 15 непрофитни организации кои добија грантови од 5 милиони долари, а останатите 9 добија 2,5 милиони долари. За разлика од останатите филантропи, Безос не бара од организациите да му поднесат чести и детални извештаи за тоа како ги трошат парите. Единствено бара годишен извештај.

Од 2018 година според процените Безос донирал 1,3 проценти од неговото богатство, кое е проценето на скоро 112 милијарди долари.

- Реклама -