„Уапсената гарнитура на Катица“ (ФОТО)

Денеска во центарот на Скопје „граѓани“ (како што вели „Курир“) оставиле двосед  пред Триумфалната капија, како коментар на последните случувања во земјава, конкретно околу случајот „Рекет“.

Според пораките оставени на гарнитурата, не се работи за обично парче мебел, туку за „уапсената гарнитура на Катица“, односно „Специјален мебел“. На гарнитурата се оставени и пароли „Распродажба“ и „Катица беше тука“, а со нив и парче долна облека, претпоставуваме непрана.

 

- Реклама -