„ЛаВерита“: Јанева е осудена да стане „громобран“

Продолжува директна контрола од страна на државниот врв врз активностите околу изнудувањето, напиша денеска италијанскиот новинар Ларис Гајзер во неговиот весник „Ла верита” по вчерашното приведување на првиот човек на Специјалното јавно обвинителство во Македонија, Катица Јанева.

На 8 август на интернет страницата на „Ла верита“ Гајзер во неколку продолженија објави видео и аудио снимки за случајот „Рекет“.

Новинарот Гајзер во неговиот денешен осврт за вчерашните случувања во Македонија пишува дека Катица Јанева изгледа е осудена да стане „громобран” за сите оние судии и политичари, кои се инволвирани во скандалозниот систем за изнуда и погрешно раководење со државата за време на мандатот на Заев.

„Камчев потврди, а тоа беше потенцирано и од нас, дека првите докази против Јанева беа презентирани пред повеќе од еден месец, пред приведувањето на Боки13. Повеќе од еден месец на Јовески, а посебно на Рускоска, им беше потребно да побараат притвор за специјалната јавна обвинителка. Еден месец во кој можеа да бидат уништени докази, да се влијае врз фактите и врз сведоците. Јасно е дека целиот овој систем би можел да биде објективно критикуван најмалку за негрижа, ако не и за малициозно соучесништво“, пишува Гајзер.

Mkd.mk

- Реклама -