Од срцето на една сестра

Ја гледам, ја слушам и сфаќам дека со секој атом од своето тело таа ми посакува добро.

Ми го знае ритамот на дишење, погледот, секој потег.

Знае што мислам. Знае како се чувствувам, дури и во миговите кога и сервирам само молк или ѝ велам: „Сè е во ред“… Таа знае.

И никој не ме познава така добро.

Никој не ме видел така соголенa до гола кожа. Ниту слушнал колку силно знам да плачам.

Ме сака тврдоглава, ме сака беспомошна, ме сака забавна, ме сака неподнослива.

Ме сака во секое издание. Сестра е. Една е.

Интензитетот на сестринската љубов не се мери.

Во очите нема сенка кога ми дава совети. Тука не станува збор за површни зборови, лажни намери, залудни верувања.

Тука сè е чисто, искрено, вистински од срце.

Тука и жртви се прават во името на другата. Се сака со сила која е немерлива.

Се моли Бога за најдоброто за другата. На другата се посакува истото што и за себе.

Само најдоброто. А ако може и подобро од тоа, тогаш и тоа.

Целиот текст тука

- Реклама -