Гаисер за Пресинг: Следува ‘завршниот удар’ за скандалот ‘Рекет’

Словенечкиот новинар Ларис Гаисер, кој во македонската јавноста стана попознат откако во италијанското издание La Verita објави снимки со кои беше отворен корупцискиот скандал „Рекет“, во неделата за Пресинг ТВ најавува „завршен удар“, но без притоа да прецизира на што тоа конкретно се однесува

ЛУШУВАВ МНОГУ ВАЖЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА АФЕРАТА ‘РЕКЕТ’, ИМА МНОГУ ИНТЕРЕСНИ ДОКАЗИ, ЈАС СУМ СИГУРЕН ВО НИВНАТА АВТЕНТИЧНОСТ. ТИЕ ЌЕ ПРЕДИЗВИКААТ ГОЛЕМИ РЕАКЦИИ. НО, ДАЛИ НАСКОРО ЌЕ ГИ ОБЈАВАМ, НАЈПРВИН МОРАМ ДА БИДАМ СИГУРЕН ДЕКА МОИТЕ ИЗВОРИ СЕ БЕЗБЕДНИ“, ВЕЛИ ГАИСЕР.

Според неговата најава, многу е веројатно следната седмица да бидат објавени нови материјали кои би ја докажале поврзаноста на високи претставници на власта во аферата „Рекет“.

Веќе неколку дена во македонската јавност постојат индиции дека новите материјали би биле поврзани со случувања во здравствениот сектор, а нешто такво претходно објави и опозициската ВМРО-ДПМНЕ при што таа зборува за таканаречено „трио Заев-Филипче-Дончев“.

ПресингТВ дознава дека за аферата „Рекет“, односно за корупцијата во високите кругови на власта, се заинтересирале и други западни медиуми. Извор на Пресинг ТВ вели дека „најмалку еден германски весник е заинтересиран да ги објави материјалите за аферата“. На прашањето дали можеби е тоа весникот кој ја објави аферата со албанскиот премиер Еди Рама, нашиот извор ни потврди, ниту, пак, демантираше.

- Реклама -