Пировска од Хелсиншки: Не, Заев, ЛГБTИ заедницата нема да ти прости!

„Гнасно по многу основи! Толку од прифаќањето на различностите и нивното почитување! Тешка демагогија било сè што се збореше и правеше претходно!

Не, Зоран Заев, ЛГБТИ заедницата нема да ти прости!“, пишува директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права – Уранија Пировска, на Фејсбук, за неверојатно невнимателната изјава на премиерот Зоран Заев.

„Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар, и, да ми прости LGВТ заедницата, еден педep, да ја урнат оваа власт“, изјави Заев.

Реакциите веќе се нижат со огромна брзина, а за очекување е дека листата ќе биде ужасно долга. Премиерот, едноставно, не смееше да си дозволи вакво „пyкање во колено“.

- Реклама -