Обвинителството повикало градоначалници да дадат исказ за случајот „Рекет“

Двајца градоначалници на македонски општини биле повикани да дадат исказ за случајот „Рекет“, бидејќи, како што велат од Обвинителството, процениле дека нивните искази можат да помогнат во утврдување на фактите во предметот. Вчера бил повикан градоначалникот на Општина Карпош (Стефан Богоев), а денеска Обвинителството ја повикало и градоначалничката на Битола (Наташа Петровска), соопштуваат од Обвинителството.

Од Обвинителството не соопштуваат детали околу дадените искази, а со цел да не ѝ попречат на истрагата, во која засега сè уште има само двајца осомничени – Бојан Јовановски алијас Боки 13 и Зоран Милевски – викан Кичеец.

Во меѓувреме, паралелно со прибирањето вербални докази, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува континуирано да дава насоки и наредби за вршење и на други истражни дејствија, велат оттаму. Во тек се и вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек, а се врши и вештачење на содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на јавниот обвинител (Катица Јанева).

- Реклама -