Милчин, Божин Павловски, Ивор Мицковски му порачаа на Премиерот

Интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев за грчката телевизија Алфа предизвика бура од реакции на социјалните мрежи. Академици, режисери, политиколози… реагираат на изјавата на Заев за историјата.

Пренесуваме дел од тие реакции.

Академик Божин Павловски:

„Господине Заев, за ова што си го изјавил пред грчкиот телевизиски аудиториум во држава што поседува изградени политички критериуми би морал да се засрамиш. 99 проценти од македонската наука, култура и уметност е беспрекорно коректна кон сите свои соседи. Доказ се над 70 илјади наслови на книги и публикации во нашите библиотеки и архиви. Зошто толку лаички и смртно опасно го поткопуваш нашиот духовен живот? Твоето површно гледање на работите може да го разори целиот образовен систем, кој и без тоа минува низ криза. Размислувај пред да отвориш уста, те молам“.

Владимир Милчин:

„Господине Заев, знаете ли нација на глобусов која не присвојувала? Најголемите нации најмногу присвоиле. И територија и историја. Она што не можеле да го асимилираат, го набркале или го истребиле. Ме вџашува леснотијата со која демонстрирате скудно познавање на историјата и ги навредувате Македонците кои паметат или знаат колку и кои војски газеле овде и што оставиле зад себе.“

Целата статија на МКД.МК

- Реклама -