Бетонските постаменти што го оживеаја Скопје

Градот е платно. Градот има кожа. И убаво е кога ѝ ја отстапува на уметноста. Ние, случајните минувачи, сме публика што треба да опсервира, со поткренати веѓи или со насмевка, сеедно, уметноста секако треба да поставува прашања. МКЦ повторно е предводник на серија уметнички интервенции со кои се рехабилитира стара урбана опрема. Се работи за разубавените бетонски постаменти што изникнаа во јавниот простор и ги направија тротоарите пријатни места за прошетка.

„Мали“ работи кои влеваат позитивност

Бетонските вертикални плочи кои со години никој не ги забележуваше и перципираше, кои служеа како подлога за лепење на плакати, постери и огласи, добија нова функција, имаат свежо лице, оживеаја. Секој цртеж е поттикнат и инспириран од различна приказна со различна позадина. Но секој од нив има една заедничка цел. Прво, да го направи градот поубав, шарен, позитивен, второ, да изнуди насмевка на рандом минувач, барем малку да му го промени секојдневието.

Целиот текст прочитајте го тука

- Реклама -