НАТО ѝ дава рок на Русија најдоцна до 2 август да се врати кон придржување до ракетниот договор

НАТО ѝ дава рок на Русија најдоцна до 2 август да се врати кон придржувањето на договорот за уништување на проектилите со мал и среден досег (INF), соопшти денес генералниот секретар на Алијансата – Јенс Столтенберг.

Тој соопшти дека во следните два дена министрите за одбрана на НАТО ќе расправаат и ќе проценат какви соодветни мерки ќе бидат преземени ако Москва не го послуша предупредувањето. Столтенберг додаде и дека следната недела се очекува нов состанок на Советот на НАТО и Русија.

„Ја повикуваме Москва да покаже одговорност. Има уште време, но истекува. Не забележуваме склоност кон одговорно однесување од страна на Русија, напротив – Москва развива нови проектили. Одговорот ќе ни биде одбранбен, промислен и соодветен. Немаме намера да распоредуваме нови копнени ракети во Европа, не сакаме нов натпревар во воopyжување“, рече Столтенберг.

 

- Реклама -